Дома Фудбал Сон: Тажен сум што го оставам тимот, но сакам да заминам со победа

Сон: Тажен сум што го оставам тимот, но сакам да заминам со победа

Јужнокорејскиот напаѓач Сон Хеунг-Мин пред патот на Азискиот куп порача дека ќе му биде тешко да ги остави соиграчите во овој важен дел од сезоната.

Да потсетиме, Сон наскоро го очекува Азискиот куп каде со својата Јужна Кореја ќе се обиде да го освои тронот, но за тоа време ќе пропушти пет натпревари на Тотенхем.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тој во разговор за Скај Спорт порачува дека сака да го победи Манчестер Јунајтед викендов со што ќе му се зголеми дополнително самодовербата пред да замине за Дубаи, каде ќе се одигра ова натпреварување.

„Не е лесно во ваков момент да ја оставиш екипата. Тажен сум, но сакам да победам во следниот натпревар и со поголема самодоверба да заминам во Дубаи.“ – изјави Сон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…