Сон Хонг Мин е еден од најдобрите играчи на Тотенхем.
Сега иако настапува во дресот на „петлите“, призна дека во младоста навивал за Манчестер Јунајтед.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Навивав за Манчестер Јунајтед, а причината беше затоа што мојот сонародник Парк Џи-Сунг играше за нив. Парк е национален херој. Во Кореја за него ќе ви кажат дека има две срца. Сега е мој добар пријател. На некој начин тој ми ја отвори врата на Премиер лигата. Тогаш го поддржував Манчестер Јунајтед, сега секако тоа не е случај. Целосно сум посвете на Тотенхем“, изјави Сон.
Одличниот репрезентативец на Јужна Кореја е под знак прашалник за натпреварот против Челзи во в недела затоа што при обврските за репрезентацијата заработи повреда.
Лондонското дерби е закажано за в недела од 17:30 часот.