Манчестер Јунајтед синоќа оствари голема победа на „Стенфорд Бриџ“ против Челзи со 2:0 и се пласираше во четвртфиналето на ФА Купот.
„Црвените ѓаволи“ се во неверојатна серија од доаѓање на норвешкиот стратег Оле Гунер Солскјер, а дека добрите игри не се случајност покажаа и синоќа во големото дерби против Челзи. Јунајтед полесно од очекуваното го доби овој меч со 2:0 и се пласира во четвртфиналето во ФА Купот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубот од „Олд Трафорд“ до победата дојде со головите на Андер Ерера и Пол Погба и така му зададоа нов удат на тимот на Маурицио Сари чија клупа сериозно се тресе во Челзи. Од друга страна Солскјер е се поблиску да го убеди раководството на крајот на сезоната да му понуди долгорочен договор.
Солскјер дојде како привремен тренер да му помогне на клубот после отказот на Жозе Мурињо, па никој не можеше ни да претпостави дека Јунајтед ќе игра вака добро под негово водство. Норвежанецот за нешто повеќе од два месеци успеа да го направи она што не успеа дури и големиот Алекс Фергусон за скоро 30 години на клупата на „црвените ѓаволи“.
Имено, Манчестер Јунајтед оваа сезона успеа да ги победи Арсенал, Челзи и Тотенхем на гостински терен, нешто што најтрофејниот англиски тим го немаше направено уште во сезоната 1984/85.
Arsenal✔
Spurs✔
Chelsea✔The last time @ManUtd won away at Arsenal, Chelsea, and Tottenham in a single season was back in 1984-85.
Manchester conquers London. #MUFC pic.twitter.com/d8xd7DVbg7
— FlashScore.in (@FlashScore_IN) February 19, 2019