Манчестер Јунајтед во вчерашниот натпревар против Евертон доживеа вистински дебакл и на „Гудисон Парк“ „црвените ѓаволи“ беа поразени со високи 4:0.
Норвежанецот Оле Гунар Солскјер имаше почеток како од бајка на клупата на Манчестер Јунајтед, но во последно работите тргнаа во надолна линија за популарниот Оле.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ вчера беа декласирани од Евертон кој целосно ги надигра и само благодарение на Де Геа „карамелите“ не постигнаа уште некој гол.
Солскјер после натпреварот не го криеше бесот, тој беше и единствениот кој ги поздрави навивачите после натпреварот. Овој пораз беше највисок од кога тој седна клупата.
Дека Солскјер нема премногу да толерира покажа и неговата изјава после натпреварот во која не откри имиња, но потенцираше дека некои играчи нема да бидат дел од неговиот како што најави тој успешен проект.
„Сакам да направам тим кој најмногу ќе работи и најмногу ќе трча на теренот. Кога Фергусон беше во клубот тоа беше одлика на Манчестер Јунајтед. Имавме голем талент, меѓутоа и трчавме повеќе од сите други, секој трчаше за својот соиграч. Знам дека ќе бидам успешен во Манчестер Јунајтед, но некои играчи нема да бидат дел од успешен тим. Цел тим не можеме да го промениме, ќе одиме чекор по чекор“, изјави лутиот Солскјер после тешкиот пораз.
https://www.youtube.com/watch?v=JfqBMx9gZEo