Дома Фудбал Англија Солскјер создава машинерија на Олд Трафорд: Добива 300 милиони за тројца играчи

Солскјер создава машинерија на Олд Трафорд: Добива 300 милиони за тројца играчи

Оле Гунар Солскјер на лето има план да направи неколку промени во екипата на Јунајтед за клубот конечно да се врати на врвот во европскиот фудбал.

Англиските медиуми денеска објавија дека Солскјер веќе имал разговори со челниците на клубот околу тоа колку пари ќе има на располагање ова лето.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Норвешкиот стручњак нема намера драстичо да ја менува екипата туку сака да донесе тројца нови играчи, но за нив ќе треба да издвои дури 300 милиони евра.

Челниците на клубот му ветиле големи инвестиции на лето, па се чини дека нема да биде проблем да ги исполнат желбите на Солскјер.

Прв на листата засилувања е стоперот на Севиља, Кунде кој има вредност од околу 90 милиони евра. Покрај него тука е и Санчо кој веќе од поодамна се поврзува со Јунајтед.

Се чини дека ова лето Санчо конечно ќе пристигне на Олд Трафорд, а неговиот трансфер ќе чини околу 100 милиони евра. Исто така, на листата со желби е и Ерлин Халанд, за кој летоска ќе се бара околу 100 милиони евра.

Можниот состав на Јунајтед за наредната сезона: Де Геа, Ван Бисака, Кунде, Мегваер, Шо, Мектоминеј, Погба, Фернандеш, Санчо, Рашфорд, Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…