Оле Гунар Солскјер одлично започна на клупата на Манчестер Јунајтед и во девет натпревари има осум победи и едно реми, па многумина сметаат дека треба да добие долгогодишен договор.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Судбината на Солскјер многу ќе зависи од наредните 12 дена во кој Манчестер Јунајтед ќе има три супер тешки натпревари против ПСЖ, Челзи и Ливерпул.
Прво ќе се сретнат со францускиот шампион во Лигата на шампионите, потоа ќе играат против тимот на Сари во Фа Купот, а на крај на „Олд Трафорд“ ќе го пречекаат Ливерпул.
Солскјер порача дека за него поважно е клубот да брка трофеј до крајот на сезоната отколку место помеѓу првите четири екипи во Премиер лигата.
После овој тежок распоред Јунајтед го очекува натпревари против Кристал Палас и Саутемптон.