Дома Фудбал Англија Солскјер разочаран: Мислам дека го допревме дното!

Солскјер разочаран: Мислам дека го допревме дното!

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед викендов загубија во големото дерби против Арсенал на „Емирати“ со 2:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако ова е само втор пораз под водство на Оле Гунер Солскјер, норвешкиот тренер не го криеше разочарувањето и смета дека не бил заслужен.

„Влеговме бавно во натпреварот, тие поведоа и натпреварот отиде во друга насока. Не го заслуживме поразот. Се случува, двапати ја погодивме рамката од голот, имавме пет големи шанси, но не успеавме да постигнеме гол. Мораме да се кренеме и да продолжиме понатаму“, истакна Солскјер.

„Црвените ѓаволи“ сега се на петтото место на табелата, а Солскјер жали за пропуштената шанса да му се приближи на Тотенхем.

„Чувствувам како со овој пораз да го допревме дното. Навистина штета, можевме да му се приближиме на Тотенхем и да направиме притисок“, заклучи Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар со победа над КуПС се збогува од Лигата на шампиони

Вардар го совлада КуПС со 3-2 во реваншот од првото квалификациско коло во Лигата на шампи…