Meнаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер жали за пропуштените шанси во денешниот меч против Лестер.
Во интересен натпревар Манчестер Јунајтед и Лестер одиграа 2:2 и ги поделија бодовите. „Црвените ѓаволи“ на два пати водеа, а „лисиците“ два пати изедначуваа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Разочаран сум што не победивме, имавме многу шанси. Лестер е силен тим и денес покажаа дека се квалитетни. Не чека нов натпревар за три дена. Имаме еден ден да се опоравиме и да го искористиме мудро. Бодот не е најлош резултат, но разочарани што имавме прилика и не ги освоивме сите три“, изјави Солскјер.
Манчестер Јунајтед е трет на табелата во Премиер лигата со 27 бодови, еден бод помалку од Лестер кој има и натпревар повеќе. Во наредното коло „црвените ѓаволи“ ќе играат против Вулвс.