Дома Фудбал Англија Солскјер пресмета што му е потребно на Јунајтед за пласман во Топ 4

Солскјер пресмета што му е потребно на Јунајтед за пласман во Топ 4

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солсјкер после синоќешниот пораз од Вулверхемптон знае што му е потребно на неговиот тим за да заврши во Топ 4 во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, Солскјер пресмета дека „црвените ѓаволи“ имаат потреба од 15 бода во последните шест кола во Премиер лигата, за да обезбедат пласман во Лигата на шампиони.

„Требаше сега да бидеме меѓу најдобри три екипи на табелата. Можевме и требаше, но ние сме сами виновни за својот неуспех. Игравме добро до момент кога тие го постигнаа вториот гол“, изјави Солскјер.

„Кажав дека ни се потребни 18 бодови од последните осум кола по интернационалната пауза. Добивме три бода против Вотфорд и сега ни се потребни 15 од последните шест натпревари, така што немаме многу простор за губење бодови“, заклучи норвешкиот тренер.

Во моментов Манчестер Јунајтед е на 5-то место со 61 бод, но и натпревар повеќе од директните конкуренти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Седлоски за ремито со БиХ: Момците заслужуваат пофалби

Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови против Босна и Херцеговина во приј…