Дома Фудбал Англија Солскјер: „Ова е голем удар за нас, тој е исклучително важен играч за нас“

Солскјер: „Ова е голем удар за нас, тој е исклучително важен играч за нас“

Српскиот репрезентативец од Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ ќе биде надвор од теренот неколку недели поради повреда на мускулот, потврди тренерот Оле Гунар Солскјер.

Матиќ се повреди на последниот тренинг пред дербито против Ливерпул во Премиер лигата, па го очекува пауза.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


„Тоа е голем удар за нас, Матиќ претрпе повреда на мускулот и нема да игра неколку недели. Такви работи се случуваат во текот на сезоната и мораме да продолжиме без него одреден период. Немања има искуство и квалитет и е важен играч за нас“, изјави Солскјер.

Матиќ ќе го пропушти вториот натпревар од осмина финалето во Лигата на Шампионите на гости против Пари Сен Жермен, но и дуелите во Премиер лигата против Кристал Палас, Саутемптон и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан и Интер сакаат стопер од 40 милиони евра!

На Милан и Интер очигледно им е потребен стопер, па челниците на двата клуба го имаат за п…