Едисон Кавани не се најде на списокот играчи на Манчестер Јунајтед за натпреварот против ПСЖ, а тоа ги изненади дел од фановите.
Уругваецот можеше да се соочи со неговиот поранешен клуб од каде што си замина во јуни, сепак Солскјер одлучи Уругваецот да остане надвор од составот за овој дуел. Норвежанецот и ја објасни својата одлука.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сакавме да биде со нас за овој меч, меѓутоа Едисон нема одиграно натпревар подолго време. Сметам дека е подобро да продолжи со тренинзите за подобро да се подготови. Тој знае што сака, но во овој момент не е спремен за настап“, објасни Солскјер.
За натпреварот против ПСЖ Солскјер нема да смета ниту на Мегваер, Гринвуд, Лингард и Баји.