Maнчестер Јунајтед вчера запиша нова победа во Премиер лигата и така продолжија фантастичните настапи на овој клуб под водство на Оле Гунар Солскјер.
Клубот од „Олд Трафорд“ вчера на „Селхуст Парк“ во Лондон го порази Кристал Палас со што е соборен нов клупски рекорд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, ова беше осма победа на гостински терен за Манчестер Јунајтед со што е поставен нов рекорд.
Сите овие осум победи се остварени под водство на Солскјер, додека на последните четири гостински натпревари по водство на Мурињо, клубот освои само еден бод.
„Црвените ѓаволи“ многу се мачеa откако Сер Алекс Фергусон го напушти клубот пред шест години и од тогаш тренерите во главно во клубот поставуваа негативни рекорди. Сепак, сега изгледа пред Манчестер Јунајтед конечно се подобри денови.
https://www.youtube.com/watch?v=toyVVvZ5PD0
Солскјер се уште нема траен договор со Манчестер Јунајтед, а неодамна на Островот се појави вест дека Сер Алекс лично инсистира што побрзо Норвежанецот да добие договор од раководството на клубот.
Фергсуон е исто така е воодушевен што под водство на Солскјер Јунајтед го врати напаѓачкиот стил на игра како и што Норвежанецот во стручниот штаб е опкружен со поранешните негови ученици – Мајкл Карик, Мик Филан и Марк Демпси.
Како и да е нема дилеми дека сите очекуваат Солскјер да добие договор и според резултатите тоа веројатно е само прашање на време.