Денеска на програмата е големото дерби на Манчестер, каде силите ќе ги одмерат Сити и Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Оле Гунар Солскјер на прес конференцијата пред натпреварот изјави дека неговиот тим и покрај слабите резултати на почетокот од сезона може да ја освои титулата.
„Имам чувство дека мојата екипа ќе се бори за титулата, напредуваме со секој изминат ден, чувствувам дека можеме да ја освоиме титулата. Титулата не се освојува лесно, има уште многу натпревари и бодови, трката за шампионската титула ќе биде неизвесна.“ – рече Солскјер.
Манчестер Јунајтед моментално се наоѓа на 7. позиција на табелата со пет бода помалку во однос на лидерот Тотенхем.