Манџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека отворено разговарал со Пол Погба за неговата иднина на „Олд Трафорд“.
Веќе извесно се зборува за можно заминување на Погба од Манчестер Јунајтед. Неговиот брат Матијас неодамна изјави дека англискиот клуб би требало да го продаде Пол ако сака на него да заработи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Исто така, Мино Раиола во декември соопшти дека неговиот клиент е незадоволен и дека сака промена.
„Разговарав отворено со Погба, што зборувавме останува меѓу нас. Мило ми е што игра добро и што е задоволен од себе. Сите можете да видите дека Погба ужива во црвениот дрес. Работеше напорно и е во форма. Имаше лош период минатата сезона поради повредите, потоа беше заразен со коронавирус, но сега напорно работи“, изјави Солскјер.
Договорот на Погба истекува во 2022 година.