Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер потврди дека Едисон Кавани ќе игра против својот поранешен клуб ПСЖ.
Утре „црвените ѓаволи“ ќе ги одмерат силите со ПСЖ во Лигата на шампиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кавани е спремен за игра. За него ќе биде специјално да игра против бившиот клуб, каде играше долго време и остави трага. Колку што го познавам, тоа ќе му даде уште поголема енергија. Тој е вистински професионалец“, изјави Солскер.
Кавани е под истрага на Фудбалската асоцијација на Англија поради проблематична објава на Инстаграм.
„Кавани ја научи лекцијата. Мислам дека станува збор за недоразбирање. ФА побара објаснување и ние му даваме поддршка на нашиот играч“, изјави Солскјер.