Дома Фудбал Англија Солскјер: Имам визија како треба да изгледа овој тим за неколку години

Солскјер: Имам визија како треба да изгледа овој тим за неколку години

solskjer

Според многумна Оле Гунар Солскјер заслужи да добие перманентен договор со резултатите во Манчестер Јунајтед, меѓутоа тој се уште има договор само до крајот на сезоната.

Солскјер зад себе има девет победи на десет натпревари и целосно го врати Манчестер Јунајтед во игра за место кое води во Лигата на шампионите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Денес Солскјер зборуваше за неговите планови кои како што кажа му ги пренел на Ед Вудвард.

„Јас веќе знам како треба да изгледа Манчестер Јунајтед и тоа му го пренесов на Вудворд. Играв за овој клуб, а потоа и го следев како навивач, секогаш си имав моја слика за овој клуб. Мислам дека во овој момент не сме далеку од она што го имам замислено. Имам визија како би требало да изгледа Манчестер Јунајтед за неколку години. Меѓутоа и покрај таквите планови размислуваме и на краток период. Ќе се обидеме да ја оствариме замислената цел, а тоа влез во топ 4“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…