Дома Фудбал Англија Солскјер за контроверзниот пенал: Го направи тоа како Зидан и Марадона, за мене тоа е прекршок

Солскјер за контроверзниот пенал: Го направи тоа како Зидан и Марадона, за мене тоа е прекршок

Maнчестер Јунајтед после тримесечната пауза поради коронавирусот игра одлично, а вчера го забележа и 17 натпревар во низа без пораз. Во дури 12 од нив „црвените ѓаволи“ не примија гол.

Со победата кај Астон Вила тимот на Оле Гунар Солскјер постави нов премиерлигашки рекорд бидејќи тоа за нив беше четврта победа во низа со барем три гола разлика.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа многумина си го поставуваат прашањето како ќе завршеше натпреварот ако Јунајтед не добиеше голема помош од судијата во првото полувреме. Имено, после контактот на Езри Конс и Бруно Фернандеш судијата досуди еден контроверзен пенал, а ВАР не реагираше, иако очигледно е дека Фернандеш го нагазува играчот на Вила и паѓа.

Солскјер сепак тврди дека во пеналот немало ништо спорно.

„Ако стартуваш над мене, јас потскокнам и паднам на твојата нога мислам дека тоа е прекршок за мене. Фернандеш направи одлична пируета во стилот на Зидан и Марадона и налета на неговата нога и мислам дека тоа е пенал“, изјави Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…