Левиот бек на Лестер Бен Чилвел, е голема желба на Челзи, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Манчестер Јунајтед.
Но, трансферот воопшто нема да биде ефтин, бидејќи се проценува дека Чилвел има поголема вредност од Магваер, за кој минато лето Манчестер Јунајтед плати 87 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, поради финансиските загуби од пандемијата, Лестер е спремен да го пушти Чилвел доколку пристигне понуда од 60 милиони фунти.
Англиските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ спремиле понуда која најверојатно ќе му се допадне на Лестер.
Имено, Јунајтед е спремен да понуди 40 милиони фунти, плус потписот на Лук Шоу.