Менацерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер се соочува со големи кадровски проблеми пред реванш осминафиналниот дуел од ЛШ против ПСЖ.
Многу фудбалери на Манчестер Јунајтед се надвор од конкуренција поради повреда, па Солскјер мораше да ја потполни групата за натпреварот со ПСЖ со многу играчи од младинската академија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јунајтед нема многу големи шанси утре против Париз бидејќи во првиот меч беа поразени на „Олд Трафорд“ со 2:0, а Солскјер за овој меч повика 20 фудбалери. Двајца треба да отпаднат од протоколот за мечот, а еден сигурно ќе биде третиот голман Ли Грант.
Поради повреди и казни Солскјер нема да може да ги користи Антони Марсијал, Џеси Лингард. Хуан Мата, Андер Ерера, Алексис Санчез и Пол Погба, па повика осум млади фудбалери.
Солскјер за мечот со ПСЖ ги повика следните играчи:
Голмани: Давид де Хеа, Серхио Ромеро, Ли Грант
Одбрана: Ерик Баи, Диого Далот, Виктор Линделоф, Маркос Рохо, Лук Шо, Крис Смолинг, Брендон Вилијамс, Ешли Јанг
Среден ред: Фред, Џејмс Гарнер, Анхел Гомез, Скот МекТомини, Андреас Переира
Напад: Тахит Чонг, Мејсон Гринвуд, Маркус Рашфорд, Ромелу Лукаку.
Во пресрет на овој меч англиските медиуми пишуваа дека имало инцидент во соблекувалната на Манчестер Јунајтед. Наводно дошло до жестока расправија помеѓу Лукаку и Погба, но Белгиецот набрзо го негираше тоа (види ОВДЕ).