Дома Фудбал Англија Солскјер: Во времето на Фергусон се „тепавме“ на тренинзите

Солскјер: Во времето на Фергусон се „тепавме“ на тренинзите

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер за ЕСПН откри многу работи од минатото.

Тој помеѓу останатото откри што се случувало во соблекувалната на овој клуб во времето кога тимот беше предводен од Сер Алекс Фергусон.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


„Секојдневно меѓу себе на тренинзите се провоциравме. Имаше тепачки и постоеше внатрешна правда која ја нема кај многу тимови. Никогаш, никогаш не сме прифатиле некој да не се труди на тренинзите. Се удиравме и моравме да победиме секој ден. Тоа прерасна во игра и не попуштивме. Постоеше неверојатен тимски дух. Тоа е единствениот начин на кој можете да станете подобри и да победите. Имавме нешто посебно“.

„Ова денес е друга група и е предизвик за мене кој си го нарекувам: Како можам да направам победници од тие играчи какви што бевме тогаш ние“, порача Солскјер.

Манчестер Јунајтед во првиот натпревар од Лигата на шампионите утре ја пречекува Барселона на „Олд Трафорд“ во првиот натпревар од четвртфиналето.

Солскјер во својата играчка кариера освен за Манчестер Јунајтед настапуваше само уште за Клаусенгенен и Молде, а како тренер ги предводеше резервите на Јунајтед, Молде, Кардиф и денес првиот тим на „црвените ѓаволи“.

Во дресот на Манчестер Јунајтед како играч изгради голема кариера и постигна 91 погодок на 235 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Грузија поведе, но потоа Шпанија покажа класа🎥

Репрезентацијата на Шпанија според очекувањата ја победи Грузија со 4:1 и се пласира во че…