Дома Фудбал Лига на шампиони Солзи на полувремето – Фудбалерите на Севиља дознаа страшна вест и го одиграа натпреварот на животот

Солзи на полувремето – Фудбалерите на Севиља дознаа страшна вест и го одиграа натпреварот на животот

Ова без сомневање е една од најстрашните фудбалски приказни.

Севиља во вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите успеа да стигне до нерешен резултат иако на полувремето Ливерпул имаше предност од 0:3.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тренерот на Севиља, Едуардо Беризо на полувремето на своите фудбалери им соопштил страшна вест.

Имено, него му бил дијагностициран рак на простата, неговата борба што туку почнува. Аргентинецот кој поранешен тренер на Селта ќе мора да оди на лекување, а оваа шокантна вест веројатно ги мотивирала неговите фудбалери.

Успеаа да се вратат во натпреварот после 0:3 со двата гола на Бен Једер и еден на Пизаро во продолжение и така изненадувачки успеаа да се извлечат од пораз.

И додека „Писхуан“ славеше очите на фудбалерите беа полни со солзи поради тренерот. Беризо има 48 годин и оваа сезона на клупата на Севиља го наследи Сампаоли.

berizo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фотографии од Модриќ по мечот со ПСЖ кои нема да ги остават рамнодушни навивачите на Реал Мадрид

ПСЖ синоќа го декласираше Реал Мадрид со 4:0 во полуфиналето од Светското клупско првенств…