Тренерот на Реал Мадрид, Сантиаго Солари не е загрижен поради фактот што има многу претенденти за неговото место на „Сантиаго Бернабеу“.
Жозе Мурињо јавно истакна дека би бил среќен да се вати во Реал Мадрид, па тоа прашање беше неизбежно на пресконференцијата пред мечот со Ајакс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Реал Мадрид секогаш имал повеќе додворувачи и од Џулија Робертс. Тоа е нормално. Јас воопшто не се грижам за тоа“, истакна Солари, а потоа зборуваше за утрешниот меч во Лигата на шампиони.
„Роналдо е жива историја во клубот поради се што направил за овој клуб и ние имаме максимален респект кон него. Нашите напаѓачи кои ги имаме работат најдобро што можат за да напаѓаме што е можно подобро. Вистина е дека создаваме многу шанси, сега треба да почниме и да ги реализираме“, заклучи Солари.
? ¡Última sesión antes de medirnos frente al @AFCAjax! #RMCity pic.twitter.com/INY2ypaq9z
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) March 4, 2019
„Карактерот на мојот тим е многу силен. Не значи дека сме задоволни од досегашните резултати, но календарот ни дава можност за нови натпревари и предизвици. Продолжуваме да се бориме во Примера, но сега мислиме само на Лигата на шампиони“, објасни тренерот на „кралевите“.
Реал Мадрид утре на свој терен го игра реваншот против Ајакс. „Кралевите“ се фаворити, но не можат да се сметаат за сигурни четвртфиналисти бидејќи во Холандија остварија победа од само 2:1.