Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андреас Переира се пошегува дека ќе му го „украде“ телефонот на Пол Погба за да биде сигурен дека Французинот нема да си замине од „Олд Трафорд“.
Веќе долго време се шпекулира за можно заминување на Погба. Наводно, големиот интерес покажаа Јувентус и Реал Мадрид, додека самиот играч најави дека е спремен да проба нешто ново.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, се уште ниедна понуда не пристигнала во Манчестер, а неодамна Оле Гунар Солскјер истакна дека очекува да го има Погба во тимот и наредната сезона.
„Погба е одлична личност. Многу е важно да остане со нас. Тој е голем фудбалер и неверојатна личност. Учам од него секој ден. Можеби ќе му го украдам телефонот за да не може да разговара со никого“, изјави Переира.
Манчестер Јунајтед во овие момент се наоѓа на припремите во Сингапур.