Дома Фудбал Италија Соиграчот на Елмас ако одигра лошо добива шамар од 75 годишна сосетка

Соиграчот на Елмас ако одигра лошо добива шамар од 75 годишна сосетка

Дрис Мертенс е во Наполи веќе шест години. Иако се појавија шпекулации дека може да го напушти „Сан Паоло“ пред се бидејќи наредното лето му истекува договорот изгледа на Белгиецот му се допаѓа Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Засега соиграчот на Елиф Елмас е среќен во Неапол.

„Фудбалот во Италија е како прекрасна болест бидејќи луѓето се заразени со љубовта за овој спорт од детството, па се до староста“, изјави Мертенс и продолжи.

„Над мене живее една постара госпоѓа, мислам дека има 75 години и секое утро ми кажува: Добри играше, добро момче си или ако одиграм лошо ми удира шамар и ми кажува дека треба да бидам подобар. Тоа не се случува во Белгија“, откри Мертенс.

„После седум години се чуствувам како човек од Неапол. Имам многу пријатели тука, луѓето препознаа дека давам се од себе, а надвор од него се обидувам да живеам како сите граѓани на Неапол. Ова е преубав град, го зборувам јазикот, се е совршено“, заврши напаѓачот на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ќе имаме нов трансфер над 100 милиони евра, еден од најбараните на Мундијалот го избра новиот клуб!

Јан Диоманде, новата голема сензација во светскиот фудбал, за кого Лајпциг веќе одби понуд…