Екипата на Барселона веќе подолго време се поврзува со Лаутаро Мартинез и констатно се појавуваат разни начини на кои Барселона би можела да го заврши овој трансфер.
Се шпекулираше дека Интер бара 110 милиони евра, а Барселона за да ја намали цената се обидува во зделката да вклучи и некој свој играч. Како и да е, ќе видиме како се ќе се заврши. Сега поранешниот фудбалер на Барселона, Бојан Кркиќ има совет за Каталонците во случај да го купат Лаутаро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сакам моите зборови да се протолкуваат како противење на купувањето на Мартинез, но смета дека профилот на напаѓач кој Барса го купува треба посебно да се анализира. Би било грешка ако Лаутаро дојде и му се случи истото што и на Гризман, да го стават на крило и да се жалат дека нешто не функионира. Такво нешто не смеат да направат повторно“, предупредува Кркиќ.
Кркиќ денес е член на МЛС тимот Монтреал, за него Мартинез може да игра само на една позиција.
„На Лаутаро местото „деветка“ му е приордно. Ако му ја промените позицијата само ќе го потрошите неговиот талент. Ако на Барселона навистина и е потребен центарфор нека го купи, но потоа и нека го користи како центарфор“.
Поранешниот напаѓач на Барселона има и свој предлог.
„Кога јас би се прашувал за Барса многу подобар може да биде Роберто Фирмино, тој е тип на играч кој Барса може да го користи и на страничните позиции“, смета Кркиќ.