Дома Фудбал Снимен говорот на Зидан пред вечерашниот реванш во полуфиналето 🎥

Снимен говорот на Зидан пред вечерашниот реванш во полуфиналето 🎥

Челзи и Реал Мадрид вечерва ќе го играат реваншот во полуфиналето во Лигата на шампионите кој ќе го даде вториот патник во финалето.

Вчера пласман во финалето избори Манчестер Сити кој го совлада ПСЖ со 2:0 и така со вкупни 4:1 беше поуспешен од двомечот со „светците“.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


На „Стенфорд Бриџ“ Челзи вечерва ќе има блага предност затоа што постигнаа гол на гости во првиот дуел кој заврши без победник 1:1. На Реал за финале му е потребна било каква победа или нерешено со повеќе голови.
Камерите на „Ел Чирингуито“ го снимија обраќањето на Зидан на последниот тренинг пред натпреварот.

„Мораме да бидеме агресивни. Обидете се да ја задржите топката, играјте и уживајте во фудбалот. Тоа е она што нас не донесе волку далеку“, им порача Зидан на фудбалерите на последниот тренинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Квартет засилувања од 150 милиони за Чаби Алонсо

По разочарувачката сезона без освоен трофеј во која дополнително Барселона зададе четири б…