Дома Фудбал Останато Снајдер: Вотката ми беше најдобар пријател, уништив два брака

Снајдер: Вотката ми беше најдобар пријател, уништив два брака

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Интер, Весли Снајдер си ја отвори душата и откри дека имал проблеми со алкохолот.

Снајдер иако направи одлична кариера, сепак жали што не постигнал повеќе, а откри дека имал проблеми со алкохолот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Снајдер во 2007 година од Ајакс се пресели во Реал Мадрид и остана во гигантот две години, но жали што не живеел професионално.

„Не бев свесен дека преселбата во Реал ќе значи нешто лошо за мене. Бев млад и уживав во успехот. Не се дрогирав, но пиев алкохол и паѓав по улици. Трошев илјадници евра на пијалоци, не знаев дека најдобар пријател ми е вотката. Руд Ван Нистелрој ми го кажа тоа, Робен ми го повтори истото. Ми кажаа дека нема да издржам долго во таков ритам. Се забавував со лоши пријатели и жени“, откри Снајдер.

Холанѓанецот жали што поради таквиот живот уништил два брака и ја загубил жената на својот живот.

„Не знам што ме натера на тоа. Его? Пари? Моќ? Ме боли душата поради разделбата. Таа беше жена на моите соништа. Изгубив се и јас сум виновен за тоа“, изјави Снајдер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…