Дома Топ вести „Случај Дибала“: Аргентинецот стана вишок во Јуве, сака да си оди!

„Случај Дибала“: Аргентинецот стана вишок во Јуве, сака да си оди!

Аргентинската ѕвезда на Јувентус, Пауло Дибала е најголема „жртва“ после доаѓањето на Кристиано Роналдо, па се чини дека за него нема повеќе место во стартнио тим.

Откако во првото коло против Киево се покажа дека не може да функционираат заедно со Роналдо, тренерот Алегри го остави на клупа во следните два меча. Во формацијата 4-3-3 Португалецот и Манџукиќ се неприкосновени, а предност пред Аргентинецот добиваат Даглас Коста и Бернардески.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Алегри ќе го убие Дибала, ќе уништи голем талент“, изјави за италијанските медиуми Џиџи Маифреди, поранешен тренер на Јувентус.

Се чини дека за Дибала навистина нема место во стартниот тим, не може да се вклопи во формацијата. Аргентинецот не сака да биде во втор план, па изразил желба да го напушти Јувентус.

За Дибала најсилен интерес во моментов покажуваат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а нема сомнеж дека „бјанконерите“ ќе сакаат добро да го наплатат неговото заминување.

Некои медиуми дури тврдат дека би можело да има трампа помеѓу Дибала и Погба, бидејќи Французинот не ја крие желбата да се врати во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…