Што се случува со второто најскапо засилување во историјата на клубот?
Осман Дембеле летоска стигна како замена за Нејмар, но не ги оправда очекувањата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рака на срце, беше повреден на два пати, го пропушти поголемиот дел од сезоната, но сега е здрав веќе скоро два месеца, но и покрај тоа не игра на важни натпревари.
Синоќешното Ел Класико е најдобар доказ дека Валвреде не смета на него. Дембеле не беше ни мушу трите измени, а на крајот дури и Пако Алкасер доби шанса на местото на Суарез.
Претседателот на Барселона Бартомеу тврди дека Дембеле е иднината на клубот, но тоа за сега не делува така.
„Немаме намера да го продадеме Дембеле. Тој е иднината на клубот, донесен е токму поради тоа и за него има време да покаже колку вреди.“ – рече Бартомеу.
Проблемот во целата ситуација е што доаѓа и Антоан Гризман и тогаш Дембеле ќе има уште помалку минутажа, па се споменува и можноста за позајмица.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во свој стил даде коментар за случајот „Дембеле“.
„Осман Дембеле е на трансфер листата? Тогаш јас сум заинтересиран.“ – истакна Клоп.
И покрај се, Барса не смета сериозно на него оваа сезона, позајмица можеби е опција, а продажба тешко, бидејќи Дембеле беше платен 105 милиони и уште 40 во бонуси.