Дома Фудбал Лига на шампиони Случајно или не: Јуве внесе немир во соблекувалната на Тотенхем

Случајно или не: Јуве внесе немир во соблекувалната на Тотенхем

Фудбалерите на Јувентус вечерва играат на домашен терен против Тотенхем во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

После скоро два месеци пауза најдоброто клубско натпреварување конечно се враќа и тоа со големиот двобој меѓу Јуве и Тотенхем. Се чини дека “играта“ веќе започна бидејќи на неколку саати пред натпреварот се појави информација дека Јуве на лето сака да го донесе во своите редови Хари Кејн.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Случајно или не во Јувентус одлучиле да внесат немир во соблекувалната на Тотенхем со објавата дека ќе испратат понуда за Кејн, која не може да се одбие. Наводно, Старата дама е спремна да го сруши рекордот на Нејмар.

Нејмар летоска од Барса премина во ПСЖ за 222. милиони евра, а како што пренесува медиумите во Италија, Јувентус ќе се бори со Реал Мадрид за Кејн и спремни се да платат неверојатни 250. милиони евра. Сепак, многу веруваат дека оваа приказна е пуштена намерно пред самиот почеток на натпреварот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…