Дома Трансфер зона Слот одлучил: За овие седум фудбалери нема место во Ливерпул

Слот одлучил: За овие седум фудбалери нема место во Ливерпул

Нема да има многу промени во Ливерпул што се однесува во овој преоден рок.

Впрочем, се очекуваат само заминувања на играчи кои не беа во преден план во последните сезони, а на истите тие играчи нема да имаат место и кај Арне Слот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Новиот тренер на Ливерпул во договор со спортскиот директор Ричард Хјуз се договорил седуммината да можат да си заминат во случај на адекватни понуди.

Рис Вилијамс и Били Куметио, се стопери кои според многумина немаат квалитет за Ливерпул, а такво мислење има и Слот.

Можат да заминат и Нејт Филипс и Сеп ван ден Берг, бидејќи за нив нема да има место кога Конате, Гомез и Ван Дијк ќе се вратат од одморот. Филипс е играч проценет на околу 8 милиони фунти, додека Ван Ден Берг претходно најави заминување, а клубот го проценува на околу 20 милиони фунти.

Тајлер Мортон е играч кој импресионираше како позајмен во Чемпионшип и има голем број на клубови кои го посакуваат во новата сезона, а моменталната ситуација со Келехер и Луис Дијаз е нејасна, но јасно е дека и двајцата имаат зелено светло. од клубот доколку пристигне задоволителна понуда и ако има соодветна замена на пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Само два клуба можат да си го дозволат Флоријан Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на гигантите ширум Европ…