Контроверзната завршница на мечот Словенија – Германија на Европското првенство се уште е главна тема во спортските медиуми.
Имено, судиите откако ја прегледаа видео снимката има ја „одзедоа“ победата на Словенците и досудија пенал за Германија, момент кој предизвика доста контроверзи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Словенците жестоко се жалеа на судењето во првите два меча, па дури најавија и напуштање на Европското првенство, а медумите во Словенија денес излегоа со интересна сторија.
Имено, тие коренот на проблемот го најдоа од пред 10 години кога Вујовиќ беше тренер на Вардар. Тогаш на натпревар против Металург Вујовиќ тргна физички да се пресмета со судијата Ѓорѓи Начевски.
Сега Словенците тврдат дека ова е само „враќање на стар долг“ бидејќи синот на Ѓорѓи Начевски, Драган е човекот кој ги делегира арбитрите за ЕП во Хрватска.
„Не е ни чудо што Словенците се жртви на криминално судење на Европското првенство“, заклучи порталот „Екипа24.си“.