Дома Топ вести Облак во Интер? Каков Интер, во Италија постои само Јуве!

Облак во Интер? Каков Интер, во Италија постои само Јуве!

Менаџерот на одличлниот голман само се насмеа на тврдењата дека Самир Хандановиќ во Интер ќе добие негов сонародник на голманската позиција.

Јан Облак веројатно e еден од најталентираните голмани во Европа, секако заедно со Донарума од Милан. Агентот на Облак, ги отфрли тврдењата дека неговиот клиент би можел да застане на голот на Интер.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Се шегувате? Каков Интер, во Италија постои само еден голем клуб, Јувентус, а тие го имаат Буфон кој ќе брани уште неколку сезони”, изјави Млакар.

Меѓутоа, Млакар, не ги демантираше наводите дека Облак би можел да се пресели во Премиер лигата.

„Има две понуди, една е од Премиер лигата“, откри Млакар, а сите претпоставуваат дека се работи за Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…