Предводниците на македонската кошарка донесоа одлука да ги отворат вратите од СРЦ „Кале“ и да овозможат бесплатен влез за натпреварот во недела против Словачка (19:00 часот).
Избраниците на Александар Јончевски вчера ја победија Данска и тоа со тројка со звукот на сирената на Ненад Димитријевиќ, а сега ги чека натпревар кој ако го добиеме ќе се пласираме во квалификациите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Затоа сите заедно, да им помогнеме на момците да дојдат до уште еден важен триумф во битката за учество на Евробаскетот. В недела навечер, сите сме во “Кале’!“, соопштија од Кошаркарската федерација.