AEK Ларнака на Иван Тричковски вчера одигра 2:2 против Партизан, а тоа беше доволно кипарскиот тим да се пласирае во плеј-офот од Лигата на Европа бидејќи дома победија со 2:1.
Натпреварот го обележа крилниот фудбалер на АЕК, Фараж. Тој изведе вистинска бравура од десната страна поминувајќи четворица играчи на Партизан, а потоа шутираше неодбранливо со левата нога.
Коментари