Раководството на Интер е спремно да се раздели со дефанзивецот Милан Скриниар ова лето, пренесува новинарот на „Газета дело Спорт“, Николо Скира.
25-годишниот Скриниар оваа сезона не блеска во формација со тројца дефанзивци и поради тоа Интер е спремен да го продаде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За него силен интерес покажува Жозе Мурињо, па двата клуба би можеле да договорат голема трампа.
„Нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со Тотенхем и се распрашуваат за 23-годишниот играч за врска Танги Ндомбеле, кој не добива голема минутажа кај Мурињо.
Ндомбеле минатото лето пристигна како големо засилување за 55 милиони фунти, но не се вклопува во формацијата на Мурињо.
Трансфер експертот Ди Марцио тврди дека Интер е спремен да го „жртвува“ Скриниар за да го добие потписот на Ндомбеле.