Барселона вчера во дербито на шпанското првенство го совлада Атлетико Мадрид со 2:0, а натпреварот од трибините го следеше тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер.
Веќе за три дена ќе гледаме натпреварт помеѓу Барселона и Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите. Првиот натпревар на овие две екипи се игра на во Англија на „Олд Трафорд“. Солскјер допатува во Барселона за во живо да го гледа својот нареден противник и сигурно имал што да види.
? | #BarçaAtleti | Man Utd coach Ole Solskjaer presents in the Camp Nou stands. pic.twitter.com/t50LqyyEWc
— BT Videos (@BTVideoClips) April 6, 2019
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Норвешкиот стратег сигурно е свесен дека го очекува тешка задача, а доколку успее да ја помине Барселона можеме само да замислиме во каква еуфорија ќе бидат навивачите на Манчестер Јунајтед.
Солскјер вчера будно го следеше натпреварот и сигурно дека забележал важни детали, Барселона одигра одличен натпреварот. Интересно што Норвежанецот остана на трибините и кога истите се испразнија, тој замислено го следеше теренот.
Останува да видиме за три во најелитното европско натпреварување што смислил Норвежанецот и дали оваа негова посета ќе биде од корист на тимот.
Многумина сигурно ќе кажат дека Солскјер во оваа ситуација можеби и се сеќавал на еден од неговите најдобри моменти во кариерата. Тоа секако е финалето против Баерн Минхен во сезоната 1998/1999 кое се одигра токму на „Ноу Камп“. Во тој натпревар Солскјер беше еден од клучните играчи за епскиот пресврт кој го направија „ѓаволите“.
https://www.youtube.com/watch?v=TxDgwmtrB-I