Дома Топ вести Скопје и Тирана во трка за домаќин на првото финале во новото натпреварување на УЕФА!

Скопје и Тирана во трка за домаќин на првото финале во новото натпреварување на УЕФА!

Нашата „Тодор Проески“ и новиот стадион во Тирана „Ер Албанија“ наводно се фаворити за домаќин на новото, трето натпреварување на УЕФА.

Како што беше објавено претходно од сезоната 2021/2022 УЕФА ќе започне да организира уште едно клупско натпреварување. Станува збор за натпреварување кое по квалитетот ќе биде зад Лигата на шампионите и Лигата на Европа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ова натпреварување ќе биде шанса за некои помали клубови кои нема да се квалификуваат во ЛШ и ЛЕ.

Веќе започнаа да се појавуваат кандидатите кои би можеле да бидат домаќини на финалниот натпревар.

Албанските медиуми објавија дека арената „Тодор Проески“ и нивниот „Ер Албанија“ се главните фавороти за домаќини на финалето во првата сезона, останатите два стадиони кои се споменуваат се на Крит во Грција и стадионот на француски „Сент Етјен“.

Одлуката каде ќе се игра финалето ќе биде донесена на 3-ти декември 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…