Севиља го елиминираше Манчестер Јунајтед во четвртфиналето од Лигата на Европа и се пласираше помеѓу најдобрите четири екипи во ова натпреварувања.
Шпанската екипа победи со 3:0 откако во првиот натпревар беше 2:2. Еден од најлошите натеренот и на оваа средба беше капитенот на Јунајтед, Хари Мегваер кој го поклони првиот гол на Севиља.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По овој натпревар легендарниот Пол Сколс жестоко ги критикуваше фудбалерите на Јунајтед.
„Беше тоа апсолутна срамота. Јунајтед беше надигран и му недостасуваше агресивност. Во вакви важни натпревари очекувате вашите најискусни играчи да бидат пример, а тогаш од првата минута и првото исфрлување на Де Геа работите тргнуваат во лоша насока…“.
„Давид Де Геа е фантастичен голман, но не фантастичен фудбалер. Го видовме неговото додавање до Мегваер. Не е тоа лошои додавање и знам дека Мегваер ја бараше топката, но морате подобро да реагирате во таа ситуација. Немам поим зошто Мегваер тука бараше топка.
Можам да се сетам само на еден стопер кој би ја исконтролирал топката во таа ситуација, а Мегваер не е тој стопер“, изјави Сколс.
Севиља по победата против Манчестер Јунајтед во полуфиналето ќе игра против Јувентус, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Баер Леверкузен и Рома.