Легендарниот англиски фудбалер, Пол Сколс смета дека Манчестер Јунајтед тешко ќе го задржи Давид Де Геа во своите редови…
На „Олд Трафорд“ прават се за да го задржат Де Геа во своите редови и веќе му понудија нов договор со кој би го направиле најплатен голман во Премиер Лигата, меѓутоа Сколс тврди дека многу ќе зависи и од Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според неговото мислење, Де Геа на лето ќе сака да го облече дресот на Реал Мадрид, доколку шпанскиот гигант повторно покаже интерес.
„Јасно е дека Манчестер Јунајтед ќе направи се за да го задржи Де Геа, но тоа ќе биде навистина тешко доколку Реал Мадрид покаже интерес. Се работи за најдобриот голман во светот, а ако Реал го сака, очекувано е и тој да сака да премине во Мадрид“, изјави Сколс за „Гоал“, па потоа зборуваше за Манчестер Јунајтед.
„И понатаму мислам дека е неопходно да купат уште еден напаѓач. Лукаку не е доволен, а останатите играчи не се за позицијата централен напаѓач, туку за крило“, заврши Сколс.