Maнчестер Јунајтед и Манчестер Сити веќе некое време се поврзуваат со доведување на стоперот на Лестер, Хари Мегваер.
Претходно можеби изгледаше дека „граѓаните“ се во предност, но денес „Скај Спорт“ објави дека „црвените ѓаволи“ спремил понуда од дури 78 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ако Јунајтед додаде уште некој милион на овие 78 тогаш Мегваер би можел да стане најскапиот стопер во историјата на фудбалот. Рекордот го држи Вирџил Ван Дaјк за кого Ливерпул плати 84 милиони евра.
Лестер и тоа како добро ќе заработи затоа што Мегваер го доведе за само 19 милиони евра од редовите на Хал пред две години. Мегваер во кариерата одигра само три сезони како првотимец во Премиер лигата, а во сезоната 2017/2018 стана незаменлив во редовите на „лисиците“, набрзо потоа и во репрезентацијата на Англија.
Потенцијалниот трансфер на Мегваер во Јунајтед би предизвикал домино-ефект на пазарот кога се стоперите во прашање. Доколку Јунајтед победи во оваа трка тогаш Сити би се вклучил во трката за Калид Кулибали, додека Лестер би го заменил Мегваер со доведување на Џејмс Тарковски од Барнли.
https://www.youtube.com/watch?v=nqJf1aCF64I
Manchester United have moved ahead of Manchester City in the pursuit of Harry Maguire after upping their bid to £70m for the Leicester City defender, Sky Sports News understands.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 2, 2019