Шпанија го продолжи „континуитетот“ на победување против нашиот сениорски национален тим. Вечерва во Скопје беа доминантни, особено во второто полувреме кога го скршија отпорот на нашата селекција
„Нашата одбрана беше прилично добра во текот на целиот натпревар. Имаме добар процент на реализирани поени од контранапади. Задоволен сум од тоа што го покажува статистиката. Не постигнавме доволно поени од отворени шанси за шут, но успеавме да ги креираме за што сум задоволен. Имаме неколку млади играчи кои за првпат настапија во националниот дрес. Добро одиграа денеска и покажаа дека растат како квалитетни играчи. Не можам да кажам дали резултатот навистина го отсликува квалитетот на екипите, сепак ова е еден натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Горди сме дека сме светски шампиони бидејќи ја освоивме таа титула покрај сите околности, но не сметам дека браниме титула, затоа што како и сите останати тимови почнуваме од нула. Се уште не сме обезбедиле место на првенството. Имаме млади играчи кои треба да ги следиме како се развиваат како кошаркари, а имаме и јасна цел пред себе – да бидеме компетитивни, но и да бидеме скромни, а не арогантни“- изјави легендарниот селектор на „црвената фурија“ на прес-конференцијата по натпреварот.
Фото: КФСМ