На повидок е нов скандал со местење натпревари во тенисот, но ако досега се навикнавме вмешани да бидат тенисери со послаб ранкит на АТП листата овој пат во прашање се тенисери од самиот врв.




Рускиот тенисер Аслан Карацев и Грузиецот Николоз Базилашвили се тенисерите кои се сомничи дека учествувале во местењто натпревари. Двајцата се во топ 50 на АТП ранкигот.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Карацев пред една година стигна до полуфиналето на Австралија Опен. Новинарите на германската телевизска станица 3ДФ објавија дека зад двајцата стои еден белоурски тренер.




Јахор Јацик е тренерот кој работел со двајцата кој наводно ги одредувал сумите кои тенисерите ќе ги добијат за наместените мечеви. Тренерот со Карацев работеше од 2018 до 2021 година, додека Базилашвили соработуваше со него 18 месеци од 2013 година.