Дома Топ вести Скандал: Судијата Лахоз заборави дека има микрофон, па цел свет слушна што му кажа на играчот на Гетафе

Скандал: Судијата Лахоз заборави дека има микрофон, па цел свет слушна што му кажа на играчот на Гетафе

Еден од најпознатите шпански судии, Матеу Лахоз се најде во центарот на внманието по саботниот меч меѓу Гетафе и Мајорка.

Тоа беше дуел на две екипи кои се борат за опстанок и беше исклучително важен, а на крајот Гетафе победи со 1:0 и ги освои трите бода.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Искусниот шпански судија подели 11 жолти картони и еден црвен картон, а воедно постави и рекорд во првото полувреме кога имаше дури осум јавни опомени.

По завршување на првиот дел, Лахоз додека заминуваше кон соблекувалната, преку микрофонот на шпанската телевизија, се слуша како му се обраќа на играчот на Гетафе, Енес Унал со зборовите: „Должник си ми“.

Играчот на Гетафе направи неспортски потег по кој можеше да добие црвен картон во 40 минута, а тогаш се слушна како му вели на судијата „Немојте да ме исклучите“. 

Лахоз веројатно заборави дека има микрофон, па на полувремето му кажа на играчот дека „му е должник“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Крос му одржа лекција на Јамал како никој друг

Ламине Јамал го воодушеви фудбалскиот свет со своите фантастични настапи на теренот, но на…