Голем скандал ја тресе Англија откако дел од англиските медиуми објавија дека голема ѕвезда од Премиер лигата и фудбалер кој играл за Англија на последното Светско првенство во Катар е обвинет за дури три cилyвања.
Во објави од таблоидите на Островот се истакнува дека клубот бил известен за ситуацијата и се обидувал да го прикрие. Засега не е познато за кој фудбалер се работи, но е објавено дека настаните се случиле во април 2021 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот веднаш бил известен за обвиненијата, но одлучил да молчи и се обиделе да „заташкатаат“ се. Фудбалерот не бил суспендиран и продолжил како ништо да не се случило.
Ова е најнов скандал во Англија со cилување откако претходно Мејсон Гринвуд беше ослободен од обвиненијата, а подолг период со исти обвинувања за дури осум случаи се соочуваше Бенџамин Менди.