Поранешниот УФЦ шампиони, Конор Мекгрегор е обвиент за силување во текот на четвртиот натпревар од финалната серија во НБА лигата помеѓу Мајами и Денвер.
Според информациите на американските медиуми, Ирецот во текот на мечот заклучил неименувана девојка во тоалет каде што ја присилувал на интимен однос. Откако со лакт го удрила Мекгрегор успеала да побегне.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во информациите се наведува дека девојката се уште се обидува сама да ја реши ситуацијата и засега не отворила правна постапка.
„Добивме информација за силување и ќе спроведеме целосна истрага. До крајот на оваа истрага ќе се воздржиме од било какви коментари“, стои во соопштението на Мајами Хит кој беше домаќин на овој натпревар.
Адвокатите на Мекгрегор веднаш се огласија и ги демантираа обвинувањата.
„Обвиненијата се лажни. Нема да дозволиме да го исплашите господинот Мекгрегор“, изјавиле претставниците на Ирецот.