Дома Македонски спорт Мак баскет Скандал: Македонија без селектор тргна за Грузија, на Бајиќ не му бил дозволен влез во Косово!

Скандал: Македонија без селектор тргна за Грузија, на Бајиќ не му бил дозволен влез во Косово!

Голем скандал се случил во Косово во која е вклучена и македонската кошаркарска репрезентација. Имено, српските медиуми пренесуваат дека на нашиот селектор Драган Бајиќ му бил забранет влез во Косово од каде што требаше да полета за Истанбул.

Бајиќ во изјава „Српски инфо“ потврди дека е шокиран од целата ситуација.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Во овој момент сум во Скоипје и шокиран сум од информацијата дека не ми беше дозволено да влезам во Косово и тоа без никакво образложение. Ова е голем проблем за македонската федерација која сега ќе мора да бара алтернативно решение за да стигнам до Истанбул од каде што ќе треба да полетаме за Тбилиси. Решение најдовме, но ќе морам да пропуштам еден од двата предвидени тренинзи“, изјави Бајиќ.

Ова е само уште еден проблем за македонската репрезентација пред важниот дуел со Грузија в четврток. Претходно беше потврдено дека за овој дуел нема да сметаме на Дамјан Стојановски, Магдевски и Димитријевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…