Гостувањето на Турција во Исланд би можело да се претвори во дипломатски скандал помеѓу овие две земји.
Турција утре во рамките од квалификациите за Европското првенство ќе игра против Исланд, а фудбалерите на оваа репрезентација на аеродромот при пристигнувањето доживеаа вистинско понижување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Напаѓачот Бурак Јилмаз и Емре Белезоглу се пожалија дека пасошката контрола траела дури три часа.
Освен тоа скандал направи еден локален новинар кој при интервјуто со Белезоглу место микрофон до устата на фудбалерот доближи четка за ВЦ шолја.
„Ова е безобразлук. Три часа стоев таму. Сите торби ги отворија и ги затворија повеќе пати. Летавме шест ипол часа, а сега чекаме три часа“, изјави Јилмаз.
Белезголу не сакаше да го коментира потегот на новинарот.
„Не би сакал ништо да зборувам, тие нека го објаснат ова. Штета, од самото слетување ни се случуваат невобичаени работи“, порача Белезголу.