Дома Фудбал Италија Скандал избувна во Италија: Лажен менаџер искористувал млади играчи на Рома!

Скандал избувна во Италија: Лажен менаџер искористувал млади играчи на Рома!

Денес во Италија избувна голема скандал откако беше откриено дека човек кој се претставувал како фудбалски менаџер искористувал млади таленти на италијанскиот калчолигаш Рома.

Италијанската полиција објави дека човекот со иницијали М.Џ злоставуал малди таленти лажејќи ги дека ќе им помогне да изградат голема кариера.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


М.Џ правел се за да ги убеди младите таленти да остварат средба, а кога средбата ќе се случела тој го покажувал вистинското лице.

„Менаџерот“ децата ги носел на тренинг и ги враќал во нивниот дом, но попатно и се изживувал врз нив. Полицијата објави дека засега потврдено е дека на овој човек жртви биле тројца млади играчи, меѓутоа не се исклучува можноста таа бројка да се зголеми.

Децата биле членови на фудбалската школа на Рома. Од таборот на „волчицата“ се огласија и порачаа дека не знаат за кој човек се работи и тврдат дека „манеџаерот“ немал контакт со римскиот клуб.

На крајот од клубот додаваат дека ќе направат се за целиот случај да се резереши и М.Џ да си ја добие заслужената казна за стореното дело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид реши во следниот преоден р…