Голем скандал го тресе фудбалот во Африка и замбиската женска репрезентација, а во центарот на вниманието е селекторот, Брус Мвапе.
Мвапе е обвинет за сексуално злоставување, а целиот случај го истражува и ФИФА, објави „Гардијан“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Скандалот беше откриен од една од репрезентативките која тврди дека тренерот ги терал фудбалерките да спијат со него, ако сакаат да останат во тимот.
За медиумите се огласи и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Замбија, Ендрју Каманга кој потврди дека се е проследено до ФИФА и замбиската полиција уште од минатата година. Истрагата е отворена, но не се открива многу.